Претреси во Скопје, лишен од слобода дилер на дрога, ќе биде запленет имот вреден над 600.000 евра | ВИДЕО

Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материјали заедно со СВР Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога, САЕ Тигар и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по насоки од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје спроведоа криминалистичко истражување од септември 2023 до јануари 2024 година за Р.К. (45) од Скопје, кој претходно бил осуден и издржал казна затвор од 15 години за продажба на дрога.
Во текот на истрагата обезбедени се материјални докази и утврдено е дека Р.К. набавувал кокаин, хероин и марихуана и потоа ги препакувал и ги препродавал по цена од 3000 денари за пакување кокаин, од 600 до 1000 денари за пакување хероин и 600 денари за пакување марихуана. Во текот на истрагата обезбедени се докази дека Р.К. продавал дрога на поголем број лица.

На 14.01.2024 во координација со САЕ Тигар во населбата Гази Баба во Скопје извршени се претреси на три локации. При претресите се пронајдени кокаин, три дигитални ваги и др., а во деловниот објект се пронајдени 21 компјутери со монитори и гејмерска опрема, разновидна компјутерска опрема вредна околу 120.000 евра, за кои постои сомнение дека се купени од парите од продажба на дрога.
По приемот на кривичната пријава, во текот на утрешниот ден, Основното јавно обвинителство Скопје ќе донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. До Основниот кривичен суд Скопје ќе биде доставен предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Во текот на постапката, против осомничениот ќе биде спроведена и финансиска истрага. Доколку се потврдат сомненијата дека пронајдената опрема, превозни средства и недвижниот имот се стекнати со финансиски средства остварени со продажба на наркотична дрога, Јавното обвинителство ќе поведе постапка за конфискација, во согласност со законските одредби.
Ново на Сител
-

Полни трибини на „Петар Милошевски“ за реваншот на Силекс против Динамо Минск, карти веќе нема
-

Во тек најобемниот мониторинг на водите во сливот на Вардар, ќе се анализираат 170 локации
-

Азир Алиу му ја предаде функцијата на новиот министер за здравство Сашо Клековски
-

ЛШ: Вардар денеска пред тешка задача на реваншот во Финска
-

Од денеска само полнолетни смеат да возат електрични тротинети, забрането превезување и второ лице
-

Кривична против три физички и едно правно лице за затајување данок, го оштетиле Буџетот на РМ за 4.677.362 денари
-

36 годишен Црногорец „летал“ со 205 км/ч на автопатот кај Гевгелија, полицијата го уапси
-

АЕТМ: Е-трговијата во Македонија со двоцифрен раст
