Гир: Судиите да бидат резистентни на надворешни мешања и да завршат политичките и финансиските влијанија во судството
Очекуваме судиите да бидат резистентни на надворешно вмешување и да ја завршат работата во согласност со највисоките работни стандарди. Исто така да заврши влијанието врз судството поради политички или каков било финансиски профит, изјави денеска евроамбасадорот дејвид Гир кој беше во посета на Неготино.
-Да бидеме многу јасни, ЕУ има многу јасен став што се однесува на владеењето на правото. Ние очекуваме владеењето на правото дословно да се почитува и во овој контекст ја цениме улогата на судството во вашата земја. Очекуваме судството да работи на професионален начин, да дејствува со интегритет и со целосна независност без никакво надворешно вмешување, дали е тоа вмешување од политичките партии или заради некои финансиски интереси, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, кој беше во посета на Неготино, запрашан да ја коментира изјавата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп за притисоците во судството.
За да бидеме докрај јасни, потенцира Гир, очекуваме судиите да бидат резистентни на надворешно вмешување и да ја завршат нивната работа во согласност со највисоките работни стандарди.
- И исто така ЕУ очекува какво било дејствие за да се врши влијание врз судството дали поради политички причини, дали каков било финансиски профит значи тоа да заврши, рече евроамбасадорот.
Гир потсети дека ЕУ го покренува ова прашање постојано и константно.
-Ние сме изразиле наша загриженост што се однесува на Републичкиот судски совет којшто всушност е во самото срце на судскиот систем во земјата. И исто така, од друга страна, нашата загриженост не се однесува само на однесувањето на Републичкиот судски совет, туку исто така ЕУ изразува загриженост и во врска со сериозни наводи на надворешно политички вмешување дали во работата на Републичкиот судски совет или во судството, генерално. Исто така, токму поради таа причина ЕУ ангажираше оценска мисија од страна на ЕУ која што даде препораки се со цел да се зајакне улогата на Републичкиот судски совет којшто ќе осигура дека работата на Републичкиот судски совет ќе биде ослободена од какво било надворешно политичко вмешување, вели Гир.
Ново на Сител
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната
-
Зеленски ги посети украинските сили во близина на фронтот на југот од земјата
-
Директорот на БЈБ Александар Јанев учесник на второто Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции за земјите од ЈИЕ - СЕПКА
-
Влада: 250 евра ваучер за сите студенти за електронски уреди и 30.000 евра поддршка за новите бизниси за млади
-
Новите сириски власти на три месеци ќе ги „замрзнат Уставот и парламентот“
-
Синот на Трамп објави монтирано видео од неговиот татко како го клоца Зеленски во глава
-
Магазинот „Тајм“ го избра Трамп за личност на годината