Македонија
5. January 2024 - 12:19

Струмичани да ги користат подземните контејнери

Струмички Комуналец најавува казни за сите граѓaни кои наместо во контејнерите отпадот го оставаат околу нив. И покрај набавката на нови полу подзeмни контејнери навиките останаа стари, садовите стојат празни , а околу нив купишта од комунален смет.Ваквите слики ги има насекаде во градот, а посебно се изразени во централните делови каде има и најголема фреквенција.  Освен од граѓаните несовесно однесување кога е депонирањето на сметот било регистрирано и од голем број трговски и угостителски објекти.

 Од Комуналец најавуваат дека за почеток ќе одат со едукација и превентивни активности. Но доколку ваквата појава продолжи ќе следуваат казни според законот за јавна чистота според кој секој што постапува несоодветно со отпадот и го остава надвор од предвидените места за тоа ќе плати казна од 40 евра.

Првите 20  полу подземни контејнери за кои општината одвои околу 10 милиони денари беа набавени пред неколку месеци. Проектот се реализираше на барање на граѓаните кои реагирале за малиот капацитет на постоечките контејнери од 1 метар кубен. Според најавите ваква набавка ќе има и во текот на оваа година со цел да се покрие што поголем дел од градот.