Во Србија се повторува гласањето на 35 избирачки места

На 35 избирачки места во Србија денеска се повторува гласањето за вонредните парламентарни избори, што се одржаа на 17 декември.
На повторените избори, кои коалицијата „Србија против насилството“ претходно најави дека ќе ги бојкотира, избирачките места се отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 20 часот, до кога трае изборниот молк.
Како што соопшти Републичката изборна комисија (РИК), гласањето за пратеници се повторува на одредени избирачки места во Ниш и Суботица, како и на некои избирачки места во општините Бабушница, Бојник, Велико Градиште, Власотинце, Трстеник, Жагувица, Коцељева, Лебане, Петровац на Млава, Пландиште, Рашка, Шврљиг, Тутин, Ќуприја, Аранѓеловац, Косјериќ, Кула, Топола и Ќуприја.
Ќе се гласа и на три избирачки места за градското собрание на Белград, на избирачкото место број 73 во општина Вождовац и на избирачките места број 15 и 122 во општина Нови Белград.
Коалицијата „Србија против насилство“ претходно најави дека нема да учествува на повторените избори, бидејќи не сака да учествува во продолжувањето на „изборниот фалсификат“.
Претставници на оваа коалиција од 18 декември организираат протести во Белград со барање да се поништат изборите, поради нерегуларности и прекршување на изборната волја на граѓаните, а повеќе пратеници и функционери на партиите кои ја сочинуваат изборната листа на „Србија против насилството“ штрајкуваат со глад.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
