Бајден: Путин мора да биде запрен

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска истакна дека последниот руски ракетен напад врз Украина е „силен потсетник“ дека рускиот претседател Владимир Путин останал посветен на уништувањето на Украина и рекол дека „тоа мора да се запре“, објавија британските медиуми.
Бајден даде изјава за време на божиќниот одмор на Американските Девствени Острови во врска со рускиот напад врз Украина синоќа, во кој загинаа 31 цивил, а повеќе од 120 беа повредени низ целата земја.
Тоа беше најголемиот воздушен напад откако Русија ја нападна соседната земја во февруари 2022 година.
-Тоа е остар потсетник за светот дека по речиси две години од оваа разорна војна, целта на Путин останува непроменета. Тој сака да ја уништи Украина и да го потчини нејзиниот народ.
Тој мора да биде запрен, рече Бајден.
Американскиот претседател истакна дека Украина користела системи за противвоздушна одбрана што Вашингтон и неговите сојузници и партнери ги обезбедиле за успешно пресретнување и уништување на многу од ракетите и беспилотните летала лансирани од Русија.
Бајден го повика американскиот Конгрес да одобри континуирана помош.
-Доколку Конгресот не преземе итна акција во новата година, нема да можеме да продолжиме да испраќаме оружје и витални системи за противвоздушна одбрана кои Украина и се потребни за да го заштити својот народ.
Конгресот мора да се засили и да дејствува без понатамошно одлагање, рече Бајден.
Соединетите Американски Држави вчера соопштија дека ќе ѝ дадат оружје и опрема во вредност од 250 милиони долари за Украина во најновиот пакет помош за оваа година.
Ново на Сител
-

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО
-

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно за пензиска заштеда
-

Данас: Српски филмски здруженија ќе поднесат кривична пријава против министерот за култура Никола Селаковиќ
-

ЈП „Комунална хигиена“: Ставени во употреба новите специјални комунални возила
-

Златар од Тетово шверцувал накит вреден четири милиони денари во перница за врат на Богородица | ВИДЕО
-

Клековски го посети болнички комплекс „Мајчин дом“ - најголемата клиника по неонатологија во Бугарија
-

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“
-

Францускиот министер за внатрешни работи вети повеќе полиција на улиците низ градовите
