-->
-->
УНРВА: Израелската армија пукаше во нашиот конвој во Газа
-->
Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) денеска објави дека израелската армија пукала во еден од нејзините хуманитарни конвои во Појасот Газа и го осуди таргетирањето на хуманитарните работници.
Директорот на УНРВА во Газа, Томас Вајт, на социјалната мрежа „Х“ напиша дека израелските војници „пукале врз хуманитарен конвој додека се враќал од северот на Појасот Газа, користејќи рута одредена од израелската армија“.
-Нашиот водач на меѓународниот конвој и членовите на неговиот тим не беа повредени, но едно возило беше оштетено. Хуманитарните работници никогаш не треба да бидат цел, рече Вајт.
Во конвојот било пукано вчера попладне, а израелската армија соопшти дека ја проверува информацијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стармер и Фон дер Лајен: Скапо ја плативме цената за руската енергетска уцена
-
Макрон: Американскиот гнев треба да биде насочен само кон Путин
-
Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“
-
Гробот на папата Франциск ќе биде отворен за јавноста од недела наутро
-
Блумберг: САД ќе бараат Русија да го признае правото на Украина на сопствена армија и одбранбена индустрија
-
Најмалку 12 луѓе загинаа при рускиот напад врз Киев
-
Времето утре променливо облачно со дожд и грмежи
-
Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица, не се постапува селективно