Вработувањата според националност на ГАК се законски, сметаат Ковачевски и Меџити
Премиерот Ковачевски и министерот за здравство Меџити сметаат дека вработувањата според националност на Клиниката за гинекологија и акушерсто се законски.
-Јас не можам стручно да одговорам. Законот, тоа е законот. Значи, огласот мора да е според законот. Инаку, да, јас сум кажал многу пати етничка припадност не може да биде професија. Етничка припадност е професија само на Западен Балкан, никаде на друго место. Ќе ви дадам пример, кога беше пандемијат од Ковид 19 голем број на наши граѓани имаа потреба од Инфективната клиника. И таму, ако се сеќавате, беа Демири, Цана и Стефановиќ, така што етничка припадност не игра улога во професионалност. Тоа сакам да го кажам, рече Ковачевски.
Тој додаде дека во патоказите за преговорите во ЕУ, и овој дел е адресиран.
На истото прашање, министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека пред објавување на конкурс, огласот се одобрува од Управниот одбор на клиниката од кој е огласот.
-Според член 5 од Законот за вработени во јавниот сектор предвидува обврска за планирање на вработување на јавниот сектор согласно начело за соодветна и правична застапеност. Во член 20 од истиот закон е предвидено прераспределба на планирани вработувања да биде соодветно за одржување на правичната застапеност. Ова го предвидува законот. Но, сепак, се согласувам со вас дека искуството и знаењето е пред се, рече Меџити.
Ново на Сител
-
Лидерите на Кина и Русија разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток
-
Се стопира изградбата на објект во заштитената зона во Старата охридска чаршија
-
Хамнеи: Израел заслужено е казнет
-
Трамвај излета од шините и удри во пицерија во Шведска, повредени седум лица
-
Приведено 43-годишно лице кое возело со 2,06 промили алкохол во крвта
-
Брачен пар прегазен на тротоар во Охрид, жената почина
-
Песков: Ситуацијата на Блискиот Исток е опасна за целиот свет
-
Министерката Јаневска ќе учествува на дводневен самит за образовни технологии во Истанбул