-->
-->
Ахмети испрати писмо со благодарност и до Орав
-->
Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска испрати писмо во кое изразува благодарност за справувањето со политичката криза во Македонија.
- Ве молам дозволете ми да ја изразам мојата благодарност во име на сите членови на Демократската Унија за Интеграција како и во мое лично име преку ова јавно писмо за вашата клучна улога, заедно со придонесот од вашите колеги од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, како и Комесарот Хан и тројцата Европратеници, кон постигнување на договорот за да се приврши сериозната политичка криза во земјата преку оддржување веродостојни избори на 5 јуни оваа година, вели Ахмети.
Посветеноста на Брисел за надминување на тешката состојба во земјата, вели тој, е поздравена од сите нас и вашата помош, со цел да се надминат разликите меѓу политичките партии, беше од суштинско значење.
Ахмети посочува дека ДУИ останува целосно посветена на спроведувањето на препораките на Прибе, списокот за Итни Реформи како и сите обврски кои произлегуваат од договорот во Скопје и високиот пристапен дијалог со Европската Унија.
- Исто така, дозволете ми да ве известувам дека ние се залагаме за фер и слободни избори на 5 јуни каде што граѓаните ќе ги споредуваат понудите на политичките партии и ќе гласаат без притисок, заплашување и уцени, вели Ахмети во писмото до Орав.
Спроведувањето на реформите, додава Ахмети, ја зајакнува домашната демократија и им овозможува на нашите пријатели во Брисел да го унапредат процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија што за ДУИ останува примарна цел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Ја завршивме војната во Газа
-
Од 8:30 часот утре без вода жителите на третата зона Припор и на улицата Виктор Иго и околните улици
-
Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа
-
Путин: Искрено се надевам дека ќе биде спроведен планот на Трамп за Појасот Газа
-
При претрес пронајдени се дрога и куршуми, кривична против четири лица од Скопје
-
Обвинение за предизвикување омраза и нетрпеливост
-
Општина Центар: Герасимовски и советниците спречија изградба на зграда, безбедноста на граѓаните на прво место
-
Поднесена кривична пријава против две лица за криумчарење телефони „Ајфон“ | ФОТО