Поголема поддршка за бизнис идеите на младите
Младите имаат иновативни и квалитетни бизнис идеи, но потребна е поголема поддршка за нивна реализација. За да се мотивираат да останат во земјата и да започнат сопствен бизнис потребен е поголем ангажман на сите чинители во заедницата, но пред се на државата, смета деканот на Економскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев од Штип, Оливера Ѓоргиева Трајковска.
Според неа, освен поголема финансиската поддршка, неопходни се и повеќе кампањи и работилници.
Во насока на поголема компетентност за пазарот на труд биле и ангажманите на универзитетите кои веќе работат на спојување на образованието со бизнис секторот.
Дел од поддршката за реализација на новите идеи на младите, но и бизнис секторот беше и проектот ,,Деловен екосистем како интегриран систем - Be In, финансиран преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија.
Од македонска страна покрај Центарот за развој на ЈИ регион еден од партнерите беше и Универзитетот Гоце Делчев од Штип.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар