Стејт департмент: Русија ќе биде повикана на одговорност за судбината на Навални

Американскиот Стејт департмент синоќа излезе со соопштение во кое се наведува дека меѓународната заедница ќе ја повика Русија на одговорност за тоа „што се случува“ со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој речиси три години е во затвор.
Адвокатите и соборците на Навални се немаат слушнато од него веќе десетина дена.
-Комунициравме со руската Влада дека тие се одговорни за тоа што се случува со Навални и дека ќе бидат повикани на одговорност од меѓународната заедница, соопшти синоќа портпарол на Стејт департментот.
Оттаму укажаат дека „силно го осудуваме континуираното злонамерно таргетирање на Навални, Владимир Кара-Мурза и повеќе од 600 други политички затворници кои Русија неправедно ги држи во затвор.
-Ќе продолжиме внимателно да ги следиме нивните случаи и повикуваме на ослободување на сите кои се неправедно задржани, соопштија од Стејт департментот.
Претходно, и Белата куќа изрази загриженост за исчезнувањето на Навални, кој според неговите соборци не се знае каде е, дали е преместен во друга затворска колонија, додека неговите адвокати во Русија комуниицираат со затворските власти но без успех.
Неговото исчезнување се поклопи со најавата на рускиот претседател Владиир Путин дека се кандидира на следните претседателски избори во Русија. Ден пред тоа Навални од затворт ги повика Русите масовно да не гласаат за Путин и да се запре војната во Украина.
-Тој треба да биде ослободен веднаш. Тој не требаше воопшто да биде ставен во затвор. Работиме со нашата амбасада во Москва да видиме колку може да дознаеме, изјави неделава Џон Кирби, претставник на Белата куќа.
Во 2021 година Навални беше осуден на деветгодишна казна затвор под обвиненија за измама и непочитување на судот. Годинава пак, тој доби плус 19 годишен затвор по тужби за екстремизам.
Ново на Сител
-

Муцунски: Една од иицијативите во Брисел е за одредени фази во проширувањето да се гласа со квалификувано мнозинство
-

ОЈО: Скопјанец осомничен за предизвикување опасност за животот на италијански државјанин
-

Владика кој твита, слика и учи за животот - Дали верата ја ограничува слободата? | Европски Митрополит Пимен | Sitel Podcast 126
-

Мицкоски на Самитот на лидери во Тирана
-

Намален бројот на превезени патници и поминати километри во автобускиот патен превоз
-

Вкупно 11 лица во постапка за поткуп и злоупотреби поврзани со даночното работење на кочанскиот клуб “Пулс”
-

Приведен 47-годишник од делчевско управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот
-

Пазарниот инспекторат откри поголема количина шверцувани производи од тутун
