Судскиот совет донесе одлуки за објавување огласи за избор на 23 судии во повисоките судови
Судскиот совет на денешната седница донесе одлуки за објавување на огласи за избор на шест судии на Врховен суд на Република Северна Македонија и 17 судии на Апелационите судови во Скопје, Битола, Гостивар и Штип.
На денешната 468-та седница, Советот донесе одлука за објавување оглас за избор на судии на Врховен суд на РСМ и тоа тројца за кривична материја, и тројца за граѓанска материја. Беше формирана и Комисија за рангирање на изборот на судии.
Од анализата за потребата за донесување на Одлука за објавување оглас за избор на судии на апелациони судови во РСМ, произлезе одлуката на Советот да се објави оглас за избор на 17 судии.
За Апелационен суд Скопје, Советот донесе одлука за избор на шест судии од граѓанска и четири од кривична материја. За Апелационен суд Битола беше донесена одлука за избор на тројца судии од граѓанска област и еден од кривична. Во Апелациониот суд Гостивар, со денешната одлука ќе се избираат двајца судии за граѓанска материја, а во Апелационен суд Штип еден судија од граѓанска област.
За сите апелациони судови беа формирани и комисии за рангирање на изборот.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток