Бугарија ги укинува таксите за транзит на руски гас што минува кон Србија и Унгарија
Владата на Бугарија ќе го суспендира данокот за транзит на руски гас што минува низ таа земја. Станува збор за давачка која е во сила од средината на октомври, а која предизвика осуда од земјите кои добиваат гас преку транзитниот гасовод од Бугарија, стравувајќи дека дополнителни трошоци ќе ги платат потрошувачите или дека Гаспром може целосно да го прекине протокот на гас.
Воведувањето на тој данок предизвика загриженост во цела Југоисточна Европа, поради што Унгарија го нарече потегот на Бугарија „непријателски“ и ја повика ЕУ да спроведе истрага. Овој данок неминовно доведува до поскапување на гасот.
Министерот за економија Крешник Бектеши тогаш најави дека Македонија ќе бара отштета од Бугарија и дополнителна поддршка од ЕУ доколку се воведе такса за природниот гас што се испорачува преку нејзина територија и не бидат ослободени количините гас кои се закупени од страна на „Газпром“ за С. Македонија.
„Тоа се, секако, нивни одлуки, внатрешни, не се мешаме во фискалната политика, но треба да им се каже јасно и отворено дека ако се носат такви одлуки, треба да се носат и други одлуки, каде што ќе се ослободат количините за државите да имаат простор да се снабдуваат од други извори, како што е случајот со Северна Македонија. Реагирав во енергетската заедница и кон Европската комисија и очекувам да се ослободат количините што ги закупил токму „Гаспром“ од бугарската страна. Ако воведуваат такса за природен гас што доаѓа од „Гаспром“, тогаш да ги ослободат и количините што се закупени од страна на „Гасром“ кон Северна Македонија“, рече Бектеши.
Бугарија сега планира да ги промени законите за укинување на даноците, велат Бојко Борисов и Кирил Петков, поранешни премиери и лидери на двете најголеми партии во земјата. Ова го изјавија пред состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите од Централна и Источна Европа што се одржува во Словенија, а на кој ќе се разговара и за Шенген и за борбата против нерегуларната миграција.
„Не смееме да ја пропуштиме оваа шанса поради такса. Добрососедските односи секогаш ни биле многу важни“, рече Борисов.
Ново на Сител
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава
-
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
-
Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор
-
Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казахстан загинаа 38 лица
-
Не застанал на полициско предупредување па удрил во полицаец - Уапсен 48 годишен скопјанец
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата