Во Италија уапсен македонски државјанин осомничен за регрутирање џихадисти

Антитерористички тим на италијанската полиција во реонот на Венеција уапси еден македонски државјанин, кој е осомничен за регрутирање на борци за потребите на џихадистичката група Исламска држава.
Како што јави италијанската агенција АНСА, идентитетот на мекедонскиот државјанин не е објавен, само е посочено дека тој бил индоктринирани кон радикалниот ислам од страна на имам од Босна и Херцеговина.
Осомничениот е успаен во рамки на истрагата против неколкумина лица по потекло од Балканот, кои живееле во североисточниот дел на Италија. Тие се осомничени за создавање на мрежа за регутиррање и индоктринација на странски борци за учество во војните на Блискиот Исток.
Според истрагата на италијанската полиција, преку оваа мрежа од Италија на боиштата во Сирија заминале најмалку три лица по потекло од Македонија и БиХ. Двајца од нив загинале во текот на 2103 и 2014 година, додека третиот се уште се наоѓа во воената зона.
Ново на Сител
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
-

Се обидувала да запали оган со бензин, 32-годишна жена заврши со тешки изгореници
-

Пријавено вознемирување во автобус во Скопје, жртвата е 20-годишна девојка
-

19-годишник од Радовиш ја нападнал својата баба, полицијата го приведе
-

Македонски Брод: Ја нападнал сопругата и барал да ја повлече пријавата за семејно насилство
-

168,7 килограми режан тутун запленети во Прилеп
