Во Штип и Карбинци за 30% се намалуваат месечните и годишните билети за јавен превоз
За скоро 30% поевтинуваат месечните и годишните билети за градски линиски превоз во Штип и Карбинци. ЈП Стипион“, кое стопанисува со општинскиот транспорт, донело одлука попустот на услугите да се однесува на одредени категории на граѓани.
-Во категоријата на повластени корисници, влегуваат сите ученици од основните и средни ученици кои не се опфатени со бесплатниот јавен превоз, студентите на факултетите на теиторија на општина Штип, примателите на социјална помош, лицата со статус на деца без родители, пензионерите“ – изјави Панче Стефановски.
Попуст од 200 денари ќе има за месечен, а 2000 денари за годишен билет.
-Во градската зона, месечниот билет од 700 денари, за овие корисници ќе чини 500 денари, а годишниот билет од 7000 денари, ќе чини 5000 денари. Овие билети немаат ограничување во користењето, односно, корисниците ќе можат и повеќе пати на ден да се возат со општински линиски превоз, на сите линии, во предвидената зона“ – додаде Стефановски.
Користењето на месечните и годишните билети е многу поекономично за граѓаните, зашто цената на поединечните билети се движи од 30 денари во градската зона и до 90 денари за приградските населби.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар