Мицкоски му одговори на О'Брајан: Моторни возила положив со 10, ако треба мој совет стојам на располагање

Ако на некој му е потребен мој совет какво патничко возило моторно возило да купи му стојам на располагање, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на изјавата на Џејмс О'Брајан.
- Секоја изјава која доаѓа од стратешкиот партнер е изјава којашто треба да се анализира. Истовремено јас како машински инженер на студиите сум ги положил предметите како што се моторни возила и возила со внатрешно согорување со највисока оцена 10 и доколку на некој му е потребен мој совет какво патничко возило моторно возило да купи му стојам на располагање, одговори Мицкоски на новинарско прашање.
Вавкиот одговор на Мицкоски следува по изјавата на помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Џејмс О'Брајан кој пред извесен период во интервју на национален медиум прашан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени рече дека „ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ви кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил“.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
