Леви: Хамас и натаму држи 137 заложници
Израел верува дека во заробеништво се уште се наоѓаат 137 лица, кои на 7 октомври беа киднапирани од милитантите на Хамас за време на смртоносниот напад на југот на Израел, соопшти денеска портпаролот на израелската Влада, Ејлон Леви, пренесе „Тајмс од Израел“.
Меѓу киднапираните има 115 мажи, 20 жени и две деца, се додава во соопштението пренесено од Си-Ен-Ен.
Од нив, 126 лица се израелски државјани, а има и 11 странци: осум од Тајланд, еден од Непал, еден од Танзанија и едно лице со француско-мексиканско државјанство, додава Леви.
Во заробеништво има и двајца малолетници, како и 10 лица на возраст од 75 или повеќе години, според проценката на израелските служби.
Седум лица во моментов се водат како исчезнати, соопшти канцеларијата на Нетанјаху.
Од почетокот на привременото седумдневно примирје, што заврши денеска, од заробеништво на Хамас се ослободени 110 лица, меѓу кои 86 Израелци и 24 странци.
Израелската армија претходно објави дека денеска ги обнови борбените операции против Хамас во Појасот Газа и дека нејзините авиони во моментов изведуваат серија воздушни напади врз цели на милитантната група на југот од Појасот Газа.
Израелската војска тврди дека Хамас ги прекршил условите на привремениот прекин на огнот и истрелал ракета на израелска територија непосредно пред истекот на примирјето, утринава во 6 часот по локално време, поради што примирјето не е продолжено.
Ново на Сител
-
Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот
-
Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП 2027
-
Мерц: ЕУ ќе воведе построги санкции кон Русија доколку неделава во Истанбул нема напредок во преговорите
-
Рјабков: Русија и Украина би можеле во Истанбул да разговараат за одржлив мир
-
Сакајте се така ќе ги сакате и другите | Даниел Трбогазов | Личен развој |Sitel Podcast 094
-
Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене
-
Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра
-
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите