Девојчиња на 13 и 14 годишна возраст вчера исчезнале во Калитеа
13-годишната Елефтерија С. и 14-годишната Катерина П. на 30 ноември исчезнале од областа Калитеа, Атика. Грчката полиција трага по нив, а се претпоставува дека девојчињата се качиле во такси и се упатиле во непозната дестинација, објавија грчките медиуми.
Грчката невладина организација „Насмевката на детето“ ја ажурираше својата страница во четвртокот на 30 ноември и веднаш по наредба на обвинителството пристапи кон објавување на деталите за малолетниците, бидејќи постојат причини кои ги доведуваат во опасност нивните животи. Елефтерија С. има црна коса, кафени очи, висока е 1,70 метри и тежи 85 килограми. На денот кога исчезна таа носеше црни спортски панталони со бела лента, беж блуза, црна јакна и бели тренерки. Катерина П. има кафена коса, кафени очи, висока е 1,65 метри и тежи 80 килограми. На денот кога исчезна таа носеше бела блуза, црн капут, црни панталони и бели тренерки, објавуваат медиумите.
Оваа грчка организација алармира за исчезнати деца не само во Грција туку и во регионот, а вчера го објави и исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.
Ново на Сител
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Музеите лани ги посетиле 289 767 граѓани
-
Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење, вели неговиот адвокат
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем и брза заедничка гранична контрола, имплементација пред летната сезона
-
За три дена во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 270 мигранти и уапсени петмина криумчари
-
Трамп предлага намалување на царините за Кина на 80 проценти
-
Кривични пријави за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици во Куманово
-
Шаја Лабјуф за кавгата со Алек Болдвин: Беше тензично на пробите