Хамас ги објави деталите од договорот за хуманитарно примирје во Газа

Исламистичкото движење Хамас објави соопштение за деталите договорот со Израел за примирје.
„По неколкудневни преговори, објавуваме, со помош и водство на Семоќниот Алах, постигнување договор за хуманитарно примирје (привремен прекин на огнот) во траење од четири дена.
Овој резултат е потврда за упорните и за пофални напори на Катар и Египет“, се наведува во соопштението.
Во соопштението за медиумите се наведуваат следните услови од договорот: Прекин на огнот во Газа; Зголемен влез на камиони со хуманитарна и медицинска помош и гориво во сите делови на Појасот Газа; Ослободување на 50 заложници, израелски жени и деца помлади од 19 години, во замена за ослободување на 150 палестински жени и деца во израелските затвори; Без израелски воздушен сообраќај во јужниот дел на Газа четири дена; Израелците нема да имаат воздушен сообраќај во северниот дел на Газа шест часа дневно, од 10 до 16 часот; Слобода на движење за цивилите, особено по патот Салах ал Дин.
„Условите на овој договор беа формулирани со визија да му служиме на нашиот народ и да ја зајакнеме неговата непоколебливост пред агресијата, секогаш имајќи ги предвид жртвите, страдањата и грижите“, се посочува во соопштението на Хамас.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
