Албанезе: Цинична и сурова е одлуката на Израел за четиричасовни паузи
Известувачот на Обединетите нации за палестинските територии, Франческа Албанезе, денеска изјави дека одлуката на Израел да дозволи секодјдневна четиричасовна хуманитарна пауза во северниот дел на Појасот Газа е „многу цинична и сурова.“
-Значи, четиричасовен прекин на огнот, за луѓето да можат да дишат и да се сетат како е животот без бомбардирање пред да почнеме повторно да ги бомбардираме. Тоа е многу цинично и сурово, изјави Албанезе во Аделаида, Австралија, пренесуваат американските медиуми.
Таа додаде дека секој ден врз Појасот Газа се фрлаат 6.000 бомби и дека тоа е „мало парче земја каде што луѓето се заробени, а уништувањето е огромно“.
-Нема да има враќање на луѓето по тоа што Израел го направи со Појасот Газа, кажа известувачката на ОН.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, вчера најави дека Израел секојдневно ќе спроведува четиричасовни паузи во борбите во одредени области на северот на Појасот Газа.
Кирби кажа дека најавите за паузи ќе бидат објавени три часа пред нивниот почеток и дека е од клучно значење хуманитарните резерви и помошта да се прошират во областите каде што луѓето бегаат.
Ново на Сител
-
Димитриевски: Државниот грб ги задоволува сите потреби и ја отсликува реалноста на македонскиот народ и држава
-
Без струја утре дел од Општина Аеродром
-
Владата утре ќе дискутира за предлозите на трговците и ќе разгледа дополнителни можности
-
Од среда намалување на облачноста и ниски утрински температури
-
Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на седница на Влада
-
Кривична за гостиварец кој се обидел да прегази полицаец
-
Потврдена шуга кај еден ученик, а тројца се во изолација во основно училиште во Романовце
-
Кривична против двајца од Сирково поради неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и експлозивни материи