Инциденти во атински населби по антифашистичките протести, уапсени 13 лица
Во две атински населби, доцна синоќа се случија инциденти по завршувањето на антифашистичките и фашистичките протести по повод десетгодишнината од убиството на двајца членови на Златна зора и беа приведени 60 лица, од кои 13 се уапсени, јави дописничката на МИА од Атина.
И покрај забраната за собири од полицијата, беа одржани неколку помали протести на различни локации во Атина, кои завршија со инциденти и судири на демонстрантите со полицијата, додека пак радикални десничари нападнаа граѓани во вагон од атинското метро.
Според видеата објавени на социјалните мрежи од радикално десничарски групи, постоел обид вагонот да биде запален со бензин.
Од грчката полиција соопштија дека од 60 приведени лица, 13 се уапсени, за протестите и инцидентите во Атина, а 21 лице уапсено на атинскиот аеродром, односно групата италијански радикални десничари кои планирале да учествуваат на фашистичкиот собир се депортирани во Италија.
Во населбата во северниот дел на Атина каде што во 2013 година беа убиени членовите на неонацистичката партија, за вчера беше закажан фашистички собир со учество на радикални десничари од Европа, што сепак не се одржа, поради одлуката на полицијата да се забранат секаков вид на демонстрации, а паралелно како одговор се одржаа помали антифашистички протести.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Тошковски ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги ставиле партиските калкулации над човечките животи
-

Со едукација до свесно родителство | Марија Саздева | Личен Развој | Sitel Podcast 136
-

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ го посети ФК Силекс на подготовките во Анталија
-

Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби
-

Во велешката болница било донесено починато шестогодишно дете од Градско
-

Кривична за управител на правно лице, со фалсификување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
