„Кажи не на дрогата, да на животот“, превентивни активности на МВР
Во рамки на редовните и плански организирани превентивни активности вчера на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Охрид, Штип и Куманово, полициски службеници од овие сектори за внатрешни работи реализирале едукативни работилници со ученици од повеќе образовни институции на подрачјата на овие организациони единици на МВР.
Како што соопштија денеска од МВР, во средните училишта во Прилеп „Орде Чопела“ и во Крушево „Наум Наумовски Борче“ се одржале едукативни работилници посветени на врсничкото насилство и едукативно предавање на темата „Кажи не на дрогата, да на животот“. Во охридското основно училиште „Христо Узунов“ е реализиран превентивно-едукативниот проект посветен на појавата на врсничко насилство. Исто така, за средношколците од штипското средно училиште „Јане Сандански“ е одржана едукативна работилница „Кажи не на дрогата, да на животот“, а за учениците од основното училиште „Свети Јоаким Крчовски“ работилница посветена на превенција од врсничко насилство.
Инаку вчера, покрај овие активности, на подрачјето на СВР Битола полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола во централното подрачје на Битола реализирале превентивни активност во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот „Не користи алкохол кога возиш“, а полициски службеници од Полициското одделение Новаци, реализирале превентивна активност на подрачјето на Новаци во делот на заштитата од кражби и измами на граѓаните.
Ново на Сител
-
Приведен кумановец, возел со 1.73 промили алкохол во крвта
-
Претрес во Куманово, пронајдена дрога
-
Претрес во дом на струмичанец, пронајдена марихуана и семки од канабис
-
Предлогот за гувернер денеска нема да биде доставен до Собранието, ќе биде познат следниве денови
-
Изминатиот викенд 1363 сообраќајни прекршоци, 389 за брзо возење
-
„Пајакoт“ отстранил 103 непрописно паркирани возила изминатата недела на територијата на Општина Центар
-
„Инфлуенсерката“ убиена во видео во живо, била застрелана од платен убиец
-
Возач од тетовско управувал возило со 111 км/час на место каде е дозволено 50 км/час