СП: Конфронтирањето меѓу двајца министри е вовед во внатревладините кавги кои допрва ќе се разгоруваат

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека конфронтирањето меѓу двајцата министри е вовед во внатревладините кавги кои допрва ќе се разгоруваат. Расипаниот и раштимуван состав на Владата е скрпен само од коруптивни интереси затоа што тој нема знаење ни капацитет да ја води државата.
Кавгите во Владата не ги приметува само премиерот Ковачевски со ножиците во раката растрчан од една лента на друга за „свечено“ отварање, за потоа за „доброто на државата“ да отпатува околу светот.
На јавноста повторно и укажуваме на Бујар Османи кој лицемерно гледа предизвик и добра можност за зголемување на платата и рејтингот кој никому ништо не му значи. Особено иритирачки за граѓаните е што за него работењето во тајност на неговата македонско-бугарска историска комисија е нормална ненормалност, а за секој што ќе му најде забелешка примитивно го дискредитира како албанофоб иако самиот тој директно и упорно работи против македонската држава.
Општиот заклучок за СДС заедно со ДУИ и другите партии во власта е нивната невидена упорност во продолжање на деновите на владеење само за да крадат повеќе и подолго на грбот на народот.
Социјалистичката партија на Македонија напоменува дека народот гледа и не заборава како оваа власт на СДС и ДУИ го доведе во беда и сиромаштија и до безизлеснот. Потребно е на оваа искорумпирана, криминална и предавничка влада секојдневно и упорно да и се повторува нужноста за нејзината итна оставка или изборна промена.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
-

Димитриевски: Жртвата на загинатите припадници на безбедносните сили е симбол на храброст и посветеност
-

Израел соопшти дека биле извршени 85 напади врз цели на Хезболах во Либан за еден ден
