Израелскиот министер за одбрана предупредува дека војната против Хамас може да трае со месеци
Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант, рече дека војната против Хамас може да трае „со месеци“ и дека тоа ќе биде последен судир со милитантната група од Газа, пренесуваат странските агенции.
Галант во неделата разговараше со единиците собрани за очекуваната копнена инвазија на палестинската територија, која се подготвува како одговор на ненадејните напади на Хамас врз Израел од 7 октомври.
„Тоа ќе трае еден месец, два месеци, три месеци, а на крајот нема да има повеќе Хамас“, рече Галант во воздухопловната база, чија локација не беше соопштена од Министерството за одбрана.
„Пред Хамас да стапи во контакт со нашите тенкови и нашата пешадија, тие ќе се сретнат со гранати на нашите воздушни сили“, истакна тој.
Галант додаде дека израелските воени авиони „знаат како да го направат тоа прецизно и смртоносно“ и нагласи дека „ова треба да биде последна војна во Газа, од едноставна причина што повеќе нема да има Хамас“.
Израел, кој постојано ја нагласува својата желба да го елиминира Хамас од Газа, вели дека неговите воздушни напади се насочени кон командантите и инфраструктурата на Хамас.
Министерството за здравство, кое го води Хамас, во неделата соопшти дека повеќе од 4. 600 луѓе загинале во нападите, меѓу кои 1. 873 деца.
Нападите на Хамас преку границата се најголеми од создавањето на државата Израел, а во нив загинаа повеќе од 1. 400 луѓе.
Ново на Сител
-
Застрелан поранешен фудбалер на Хајдук
-
Без струја утре дел од општина Аеродром
-
Поради ограничувањето на руските медиуми, Русија го казни Google со 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000$
-
Познато каде и кога ќе биде погребан Зоки Фаци
-
Земјотреси во Врање и Лесковац, почувствувани и во Македонија
-
Прифатени аргументите на министерот Николоски за пругата кон Бугарија, велат од Министерството за транспорт
-
Почина Зоки Фаци
-
Шпанија се подготвува за нови дождови, најмалку 158 луѓе загинаа во катастрофата