Политички скандал на овогодишниот Евросонг

Политичките конотации на Изборот за песна на Евровија не се никаква новост, но годинава една од песните учеснички на натпреварувањето предизвика скандал, како никогаш досега.
Имено, на овогодишниот Евросонг, што во мај ќе се одржи во Шведска, Украина ќе ја претставува Сузана Џамаладинова, позната под уметничкото име Џамала, со песната „1944“, во која се говори за прогонот на кримските Татари во централна Азија во времето на советскиот лидер Јосиф Сталин.
- Странци доаѓаат во вашите куќи, ве убиваат и велат дека не се виновни. Каде се вашите разум и срце? Човештвото плаче, се само дел од стиховите на песната „1944“, која предизвука бурни реакции, особено во Русија.
Поради оваа песна реагираше и Комитетот за медиумски слободи на руската Држава дума со барање Украина да биде дисквалификувана од Еврооснгот.
На ваквите реакции Џамала одговори дека прогонот на кримските Татари во 1944 година засекогаш го променил животот на нејзината изнемоштена прабаба.
- По ова нејзиниот живот повеќе никогаш не беше ист, изјави Џамала, која е родена во Киргистан од татко кримски Татар.
Инаку, на украинскиот избор за претставник на Евросонгот, Џамала победи со еден поен предност пред второпласираната нумера.
Ново на Сител
-

Чучуљ: Ја поздравуваме секој иницијатива за борба против корупцијата, ќе постапуваме секаде каде има основ
-

МВР: Поведена прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме
-

ЦУК: Соработка со САД за унапредување на националната и колективната отпорност
-

Индија и Русија целат кон 100 милијарди долари билатерална трговија до 2030 година
-

Иницијативата на НАТО за оружје за Украина сега има 21 членка, инвестициите достигнаа 4,18 милијарди долари
-

Бундестагот го одобри пензискиот пакет и покрај внатрешните превирања во коалицијата
-

Донесени измените на законот за градење, приклучување на новите градби на парно греење онаму каде има можности
-

Најмногу дожд во Демир Капија и Маврови Анови
