Авион од „Војна на ѕвездите“ продаден за 3,1 милион долари

Минијатурен борбен авион „Екс-винг“ (X-wing), користен во снимањето на „Војна на ѕвездите“, е продаден на аукција викендов за 3,1 милион долари, објави куќата „Херитиџ окшнс“ (Heritage Auctions), со седиште во Далас, Тексас, САД.
На наддавањето се прибрани 13,6 милиони долари, а беа прикажани предмети создадени и собрани од холивудскиот креативен дизајнер Грег Џејн. Тој почина лани на 76-годишна возраст. Според Џо Мадалина, извршен потпретседател на аукциската куќа и долгогодишен пријател на Џејн, оваа аукција го претставува „наследството на вистински мајстор за специјални ефекти“, кој бил и голем колекционер.
Грег Џејн е добитник на „Оскар“ и номиниран за „Еми“, чијашто кариера траеше речиси половина век. Меѓу предметите коишто Џејн ги собрал се костими, реквизити, сценарија, уметнички дела, фотографии.
Црвениот „Екс-винг“ е користен во филмот од 1977 година – „Војна на ѕвездите: Епизода IV – Нова надеж“ (Star Wars: Episode IV – A New Hope). Натаму, „униформа“ на војник „стормтрупер“ е купена за 645.000 долари, а на истиот настан е продаден и филмски вселенски костим од филмот на Стенли Кјубрик – „Вселенска одисеја, 2001“ од 1968 година – за 447.000 долари.
Грег Џејн во својата разновидна колекција имал и вселенски брод „СС Ботани беј“ од „Ѕвездени патеки“ (Star Trek), којшто достигна цена од 200.000 долари. Понудена беше и минијатура на вонземскиот вселенски брод од филмот на Стивен Спилберг од 1977. – „Блиски средби од трет вид“. Достигнатата цена е 55.000 долари.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
