Спасовски: Младите да ја препознаат и вреднуваат улогата на безбедносните институции

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска учествуваше и се обрати на настан посветен на обуката за ангажирање и зајакнување на младите во борбата против радикакализација и насилен екстремизам, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Факултетот за безбедност при универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола.
Спасовски, како што соопштија од МВР, истакнал дека насилниот екстремизам и радикализмот, особено сега во оваа ера на исклучително жестоки динамични општествени и генерално – цивилизациски – противречности, бездруго заслужува сериозно внимание од сите општествени фактори и тоа не само во сферата на безбедноста туку и пошироко во многу други општествени сегменти.

- Денешниов настан во целост ги оправдува своите мотиви и цели, насочувајќи се кон поттикнување на младите да размислуваат и да дејствуваат во насока на соработка и заедништво, да ги промовираат и негуваат демократските вредности на македонското општество, но и да ја препознаат и вреднуваат улогата на безбедносните институции во превенцијата и справувањето со радикализацијата и насилниот екстремизам, потенцирал министерот Спасовски.
Образложил дека ние како држава, изминативе децении одблиску се сооочивме со карактеристиките на насилниот есктремизам и радикализам, и детектирајќи ги потребите, насоките и потенцијалите како добра основа за градење на институционален одговор и отпорност кон овие општествено негативни појави, влеговме во процесите на будно следење и градење концепти за спротивставување кон сите такви закани.
- Од аспект на Министерството за внатрешни работи кое што и покрај примарната посветеност на превентивното делување вложи и вложува во организациско, техничко и кадровско унапредување особено во смисол на уште поквалитетни професионално-стручни капацитети и перформанси, како нешто што е од клучна важност за успешно и ефикасно справување со сите предизвици и задачи што се поставуваат пред министерството, меѓу другото, и во контекст на проблематиката што денеска ја опсервираме, рекол министерот Спасовски.
Во неговото обраќање посебно била нотирана новата Национална стратегија за спречување со насилниот екстремизам 2023-2027, документ кој е плод на заедничкиот напор на претставници на владини институции, на здруженија на граѓани, на академската и на меѓународната заедница, улогата и значението на младите и тоа како зафаќа свое суштинско место. Истакнал дека МВР ќе остане посветено на превентивни активности, но и на доследното спроведување на законите во откривањето и одвраќањето на сите потенцијални поединци или групи кои преку овие форми на незаконско делување имаат за цел да и наштетат на државата, да ги заведат младите во погрешен правец и да го подриваат демократскиот капацитет на македонското општество.
Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал во своето обраќање истакнал дека ОБСЕ продолжува да работи заедно со младите и за младите така што оваа програма ќе се фокусира значително на практични дискусии со реномирани експерти од различни професионални области и институции.
- Справувањето со предизвиците на денешнината и иднината бара етаблирање на доверба и разбирање помеѓу сите во безбедносниот сектор. Верувам дека ќе најдете заедничка основа додека разговарате за предизвизвиците и темите со кои вие како иднина на земјата ќе се сретнете и ќе треба да ги надминувате заедно, рекол амбасадорот Вал пред присутните млади на обуката.

- Основните принципи на функционирањето на Универзитетот се академската слобода, толеранцијата и споразумното решавање на спорови. Затоа логички студентите треба да бидат носители на процесите на толеранција, борба против екстремизмот, говорот на омраза, насилството. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола секогаш бил и ќе остане место на кое се негува толеранцијата и почитување на различности, место каде нема простор за било какво екстремистичко однесување, насилство и говор на омраза против било кој. Затоа високо ја цениме оваа активност организирана од ОБСЕ со нашиот Факултет за безбедност, која има за цел да ги обучи нашите студенти да препознаат и да се спротивстават на било кој облик екстремизам, насилство, говор на омраза и сите други облици на нетолерантно, односно не академско однесување, потенцирал во своето обраќање ректорот на Универзитетот „Свети Климент Охридски„ од Битола, проф. д-р Игор Неделковски, се наведува во соопштението.
Деканот на Факултетот за безбедност, проф. д-р Никола Дујовски истакнал дека младите се во фокусот на нашето внимание, а образованието е алатка која може на многу привлечен и интересен начин да им ги покаже придобивките на демократското живеење и да ги одврати од радикализација која ќе доведе до насилен екстремизам и тероризам.
- Факултетот за безбедност ќе продолжи да биде водечка институција за современа и квалитетна едукација во сите сфери во областа на безбедноста, нагласи тој во своето обраќање.
Ново на Сител
-

Мицкоски: И покрај историски најголемиот обем на криза, Владата се справува прилично стабилно
-

Европратеници бараат итна реакција на ЕК поради влошувањето на ситуацијата во Србија и колапсот на владеењето на правото
-

Автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред за празниците
-

Два случаи на семејно насилство евидентирани во еден ден во Куманово
-

Мицкоски: Проектот во Враништа го разбива стереотипот дека политичарите мислат само на себе, а не и на граѓаните
-

Од утре стартува новиот систем за влез и излез во ЕУ, подгответе се за подолги задржувања на границите
-

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост
-

Наградени првенци на МНТ Тони Михајловски и Тања Кочовска на два фестивали
