Нови медицински директори на Клиниките за дерматовенерологија и кардиологија
Министерот за здравство Фатмир Меџити го назначи д-р Дејан Филиповиќ за нов в.д. медицински директор на Универзитетската клиника за дерматовенерологија и д-р Беким Поцеста за нов медицински в.д. директор на Универзитетската клиника за кардиологија.
Како што соопшти Министерството за здравство, д-р Дејан Филиповиќ од 2018 година е вработен на Клиниката како специјалист дерматовенеролог и асистент по дерматовенерологија при Медицинскиот факултет во Скопје.
Во моментот е докторанд на клиничка медицина, во областа дерматовенерологија, на Универзитет „Кирил и Методиј”, членува на Здружението на дерматовенеролози на Македонија и во Европската академија за дерматологија и венерологија.
Новиот медицински в.д. директор на Кардиологија д-р Беким Поцеста, наведува Министерството во соопштението, е долгогодишен специјалист по кардиологија.
На Клиниката што ќе ја раководи работи од 2005 година, на одделот за интензивно лекување, како и во службата за електрофизиологија и имплантација на електростимулациски уреди.
Во 2019 година се стекнал со звање примариус, а има искуство и како директор на Кардиологија од јули 2017 до февруари 2018 година.
Ново на Сител
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари