Мицкоски: Ќе го блокираме Законот за амнестија кој го пуштија по скратена постапка
ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија кој власта го пушти по скратена постапка изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за Тема на денот во дневникот на Сител, при што потенцираше дека ако се случи тој закон власта да го стави со европско знаме, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието.
- Не гледам што е европска вредност да амнестирате криминалци кои се осудени за перење пари, за насилство, да амнестирате луѓе кои помагале во најгрозоморниот чин во последната историја на Македонија, а тоа е убиството кај Смилковското езеро. Ако се случи да дојде тој закон со европско знаме ќе излеземе надвор од Парламентот и ќе побарам поддршка и од Извршниот и Централниот комитет да застанат позади оваа одлука, истакна Мицкоски.
Во однос на изјавата на Ковачевски дека власта ќе интервенирала со амандмани, Мицкоски прашува како може владата да интервенира со амандмани, а тие го правеле овој закон.
- Тој закон дошол на владина седница и требале да ги усогласат тие работи таму, зошто тогаш не ги усогласиле? Кога станува збор за овие луѓе се случувало да нема европско знаме, па да ги повлечат и да го стават со европско знаме, да почекаме да видиме, рече Мицкоски.
- Рековме дека ќе го блокираме со сите можности кои ги нуди Деловникот во Парламентот. Нашиот став и мојот личен став е јасен и ако дојде до злоупотреба на европското знаме ќе побарам одлука од Извршен и Централен комитет да го напуштиме парламентот, а ако дојде во нормална процедура тогаш ќе го блокираме, изјави Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Приведен стружанец, управувал мотоцикл со 2,28 промили алкохол и излетал од патот
-
За првпат објавен Извештајот за спроведување на макропрудентната политика на Народната банка
-
Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано
-
Најмногу дожд во Охрид, Битола и Кавадарци
-
Рим со засилени безбедносни мерки за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Тркалезна маса „Патот на Северна Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025“
-
Песков: Поддржуваме прекин на огнот, но со внимание на нијансите
-
Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва