Киев: Руските сили со гранати оштетија термоелектрана на југот на Украина

При последното гранатирање на јужните украински области, руските сили оштетија термоцентрала на југот на земјата, соопшти денеска државната дистрибутивна мрежа на Украина, Укренерго, не прецизирајќи ја локацијата на електраната или степенот на оштетување.
„Синоќа беше оштетена термоцентрала во јужниот регион, а пожарот е резултат на масовно непријателско гранатирање“, се наведува во соопштението на Укренерго.
Компанијата не е во можност да даде повеќе детали поради воените законски обврски.
Минатата зима Русија започна серија воздушни напади врз украинските електрани и трансформатори кои на моменти оставаа милиони луѓе без струја, а минатата недела започна напади врз енергетските капацитети низ Украина, што доведе до прекини во електроснабдувањето во пет региони.
Ново на Сител
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
