Османи-Кравињо: Преговарачкиот пакет се заснова на европски принципи, не треба да се пропушти шансата
На маргините на 78-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи Бујар Османи, оствари средба со својот португалски колега, Жоао Гомеш Кравињо.
Како што соопшти МНР, Османи се заблагодарил за континуираната поддршка од Португалија на нашиот европски пат, потврдена и за време на португалското претседателство со ЕУ во првата половина на 2021 година.
-Република Северна Македонија особено го вреднува проактивниот ангажман на официјален Лисабон преку тогашниот таканаречен “португалски“ предлог, чии основни принципи и рамки се вградени во сегашниот европски пакет за нашите европски интеграции, порача Османи.
Нагласувајќи ја потребата од задржување на европскиот моментум во интегративниот процес на земјава, министерот Кравињо истакна дека Португалија ќе ги продолжи заложбите за напредок во процесот на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан и ги охрабри сите политички чинители во Северна Македонија да ја трасираат европската иднина на граѓаните со донесување на неопходните уставни измени.
Министрите разговараа и за можностите од продлабочување на економските односи, меѓусебната поддршка во мултилатералните организации, со посебен фокус на нашето претседавање со ОБСЕ.
Ново на Сител
-
Протест во Атина за железничката несреќа - хартиени фенери во спомен на загинатите
-
Здраво слабеење преку факти - Едно тело, илјада избори | Александар Дренковски | Sitel Podcast 084
-
Мерц најави договор за собирање стотици милијарди евра за одбрана на Германија
-
Предложени мерки на претпазливост против две лица по сообраќајната несреќа на автопатот Гостивар-Тетово
-
ПМФЛ: Вардар го совлада Работнички, Шкендија поразена во Струга
-
Приведен 35 годишен скопјанец, агресивно се однесувал кон полициски службеници
-
Кривична против 58 годишник, измамил друго лице дека ќе му набави и достави стока со што го оштетил за 4.100 евра
-
33 годишник од Скопје, физички нападнал возач на ЈСП додека управувал со автобусот