На гостиварката која го оставила бебето ќе и биде одземено родителското право
Гостиварката која остави седумесечно бебе само и без грижа, ќе биде лишена од родителското право. Постапката е поведена во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Гостивар, каде од синоќа се работи на сместување на уште две деца од истото семејство.
Случајот излезе во јавноста вчера попладне кога по пријава во полиција, тим од социјални работници дошол во куќа на улицата „Илинденска“ и затекнал седумесечно бебе во лоша здравствена состојба.
- Детето било оставено само и дехидрирано по што е пренесено во гостиварската болница и оттаму испратено за Скопје. Мајката има уште две деца, едно на осум и другото на 1,5 годишна возраст. Со оглед дека станува збор за нефункционално семејство, за децата е поведена постапка и во најскоро време тие ќе бидат сместени во згрижувачко семејство, наведуваат од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа.
Од оваа институција најавуваат и постапка за одземање на родителското право на мајката врз трите деца, бидејќи таа е осудена и до правосилноста на пресудата се наоѓала во куќен притвор.
Ново на Сител
-

Путин: Мировниот план на САД може да биде основа за мир во Украина
-

Трамп сака Украина да го прифати мировниот договор до четврток
-

Перински: Отворен Јавен повик за креирање на база на висококвалификувани експерти во Ресурсниот центар
-

Српски државјанин осомничен за тешка сообраќајна несреќа со смртни последици кај Валандово
-

Драматично обраќање на Зеленски: Ова се најтешките моменти во нашата историја
-

Поплави во Ресенско, над 50 куќи и земјоделски површини под вода по излевањето на реките
-

Зголемено количеството на превезената стока во товарниот патен превоз
-

Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани за случајот со родилката од Дебар
