Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи законот за амнестија
„ВМРО-ДПМНЕ беше против носењето на вакви измени. Прво, по однос на процедурата. Ваквите измени се носат со европско знаменце, во ниедна европска земја Кривичен законик не се менува за два дена“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во централниот дневник на Сител телевизија.
Милошоски додаде дека со овие измени на Кривичен законик се увиде дека на ДКСК и Врховниот суд им биле дадени лажни или нецелосни измени на Кривичниот законик. Тие што ги добиле ДКСК и Врховниот суд биле различни од оние што се изгласаа во Собранието.
„На крајот кога видовме што се случува, говоревме ПРОТИВ и гласавме ПРОТИВ. Сите од ВМРО-ДПМНЕ гласавме ПРОТИВ. Сите кои што бевме присутни видовме дека парламентарното мнозинство има кворум, 63 пратеници беа во салата од владејачкото мнозинство, и ние кои што бевме присутни тука со исклучок на оние кои што беа на службен пат, сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа ПРОТИВ“, рече Милошоски.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи таков закон за амнестија каков што го најавува власта.
„Го немаме се уште добиено законот затоа што во самата Влада има одредени несогласувања. Гледаме дека на различна линија се премиерот и министерот за правда, како што беа на различна линија и за измените на Кривичниот законик. Но, ние не би поддржале таков закон затоа што сметаме дека овој закон таргетира една целна група која што им е битна на владејачките партии и да им бидат тркачи на следните избори во кампањата“, појасни тој.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
-

Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди
