Протест пред албанскиот Парламент за изгласување закон за минимална плата и пензија
Членови на движењето „Заедно“ поддржани од граѓани, протестираа пред албанскиот Парламент, со барање да се изгласаа износот на минимална плата и пензија неопходна за живот.
Протестот беше во време кога во собраниската сала пратениците одржуваат пленарна седница а учесниците носеа плакати на кои пишуваше „Пратеник добива плата колку 39 пензионери“, „Поголема тензија од пензија“, „Како поминаа празниците во Дубаи“, „Милиони се крадат, народот јаде сув леб“.
-Знаете колку е минималната пензија во Албанија, осум илјади леки (76 евра). Сакаат платата да биде 670.000 леки, речиси 100 пати поголема од минималната пензија, бараме минимална плата и пензија за да ги намалиме разликите. Не може пензионер кој цел живот работел во Република Албанија без чекан да биде платен 100 пати помалку од член на Уставен суд, порачаа демонстрантите.
Потсетија дека пред шест месеци до Собранието е доставен Предлог-законот за минимална плата и пензија потпишан од 21.000 граѓани и обвинија дека „минимална плата и пензија ветувале сите политички партии, но заборавале веднаш штом за земат власта во свои раце“.
-Во овие 30 години овие луѓе станаа милијардери, станаа сопственици на имоти, дури и стратешки инвеститори. Запоседнуваат земја и ограбуваат народни пари. Виталниот минимум е итен случај да се извлече албанскиот народ од сиромаштија, сметаат тие.
Ова е прв протест, како што велат за подобар живот, но не и последен.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
