Милановиќ ја поддржа БиХ во ОН и повика на признавање на Косово
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН повика на реформа на Советот за безбедност на ОН, промена на изборниот закон во Босна и Херцеговина и признавање на Косово и се заложи за соработка на државите за зачувување на планетата.
„Светот во кој живееме денес бара заеднички, глобални и координирани напори како клуч за успех во решавањето на сериозните глобални кризи“, рече Милановиќ во вчерашниот говор, нагласувајќи дека „мора да се зачува улогата на ОН како центар на глобалната соработка“.
Милановиќ голем дел од својот говор посвети на прашањето за одржливиот развој, нагласувајќи дека досегашните напори на светот во оваа насока се покажале како „недоволни“.
Хрватскиот претседател повика на инвестирање во спречување конфликти бидејќи тоа е „далеку попрофитабилно од инвестирањето“ во нивно запирање и нивно последователно закрепнување.
Тој рече дека Хрватска останува посветена на борбата против говорот на омраза, вклучително и антисемитизмот, унапредувањето на правата на жените и децата, заштитата на малцинствата и укинувањето на смртната казна.
Во Њујорк, Милановиќ зборуваше за важноста на прашањето за 1. 806 исчезнати за време на Татковинската војна и за ситуацијата во соседството во југоисточна Европа.
Тој посочи дека Хрватска ја поддржува европската перспектива на Босна и Херцеговина и ја поздравува одлуката на ЕУ да и додели кандидатски статус.
Исто така, ја истакна важноста на изборните реформи во таа земја, за да бидат претставени сите конститутивни народи на сите нивоа на власта, што е клучно за идната стабилност на Босна и Херцеговина.
Милановиќ ја изрази својата загриженост за последните настани во односите меѓу Косово и Србија и повика на деескалација на тензиите, но и на универзално признавање на Косово како рамноправен член на меѓународната заедница.
Ново на Сител
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
-

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
-

АХВ го одзеде малтретираното куче, сопственикот ќе биде казнет
-

Најмалку 85 луѓе загинаа во САД како последица на снежната бура и ниските температури
-

Ердоган понуди Анкара да посредува помеѓу Иран и САД
-

Мицкоски за затворањето на постмониторинг дијалогот со ПССЕ: Ова е историски ден, рамо до рамот со денот кога се прогласи независноста
