Романија гради засолништа за воздушни напади на границата со Украина
Романија, членка на НАТО, денеска соопшти дека почна со изградба на засолниште за воздушни напади во југоисточниот регион на границата со Украина, каде минатата недела беа откриени остатоци од дрон.
Романија одлучи да ги зголеми безбедносните мерки по руските напади врз украинските пристаништа и инфраструктурата на Дунав.
Романската армија почна да работи на изградба на две бетонски засолништа со цел „да го заштити населението“ во градот Плаур што е во близина на украинското пристаниште Измаил, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.
За изградбата на засолништата е ангажиран одред од околу 50 војници, а кога ќе бидат изградени ќе бидат предадени на локалните власти.
На 9 септември романската армија пронајде фрагменти од беспилотни летала „слични на оние што ги користи руската армија“, а романскиот претседател Клаус Јоханис испрати протестна нота до Москва, осудувајќи ги „тешките нарушување на воздушниот простор што претставуваат закана за романските граѓани“ кои живеат во областа.
Ново на Сител
-

Србија чува најмногу злато од државите од поранешна Југославија
-

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела
-

Кривична за 19-годишник од Скопје осомничен за обљуба на малолетничка
-

Пронајдени коски кои наликувале на човечки при ископ со багер во близина на стари гробишта во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат, секој граѓанин си е здраворазумен и има одговорност за својот глас
-

ОВР Дебар лиши од слобода лица за семејно насилство и поседување дрога
-

Три лица возеле пребрзо и под дејство на алкохол - СВР Куманово со кривични пријави
-

Истражување: Околу 64 проценти од Италијанците користат вештачка интелигенција при готвење
