-->
-->
Болно љубоморна: Си го прободела момчето до смрт затоа што на Фејсбук прифаќал други девојки
-->

Тери-Мари Палмер во момент на крајна љубомора го прободела своето момче до смрт поради бизарна причина.
Оваа 23-годишна девојка се скарала со момчето Дејмон Сирсон, затоа што тој прифаќал други девојки да му бидат пријателки на Фејсбук.
Откако го извршила грозоморниот чин, таа се јавила на брза помош и објаснила што се случило.
Според судот, многу кратко пред да го убие, таа на Фејсбук напишала статус: „Многу ме нервира кога е на Фејсбук, не ми обраќа внимание кога му зборувам“.

Исто така, неколку дена пред да го убие, му испратила СМС порака во која пишувала дека му е многу лута и дека би сакала да го избоде до смрт.
Палмер ќе добие затворска казна од минимум 12 години пред да може да добие условно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“
-
Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост
-
Илјадници Американци му оддаваат почит на убиениот Чарли Кирк
-
Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија
-
Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд
-
Приведен управителот, управувачкиот комитет за кризи заседава во МВР
-
Орбан: Европа под водство на Фон дер Лајен оди кон провалија