Тилвар: Делови од руски дрон паднаа на територијата на Романија
Делови од руски дрон паднаа на територијата на Романија.
Министерот за одбрана Ангел Тилвар потврди дека при нападот врз украинското пристаниште на Дунав, делови од руски дрон паднале на територијата на Романија.
Претходно, романското Министерство за одбрана ги демантираше украинските наводи дека делови од беспилотно летало паднале на нивна територија. Изминатите седмици, Русија постојано ги бомбардираше пристаништата на Дунав, а многу од нападите беа извршени веднаш до границата со Романија. Романското Министерство за одбрана ги осуди тие нападите оценувајќи ги како неоправдани и кршење на меѓународното хуманитарно право. Руските сили денеска со беспилотни летала ги нападнаа украинските пристанишни објекти во областа Измаил на Дунав, при што има една жртва. Дека има загинато лице потврди локалниот гувернер Олех Кипер. Киев претходно соопшти дека има докази дела делови од руски дрон паднале во Романија. Лани и на молдавска територија паднаа делови од проектили.
Ново на Сител
-

Турција испраќа авиони Ф-16 во Естонија за заштита на воздушниот простор над Балтикот
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
-

Израел ќе дозволи влез на меѓународни сили во Појасот Газа
-

Почина познатиот актер Гоце Тодоровски
