Мицкоски: Отворена е новата општинска зграда во Петровец направена од сопствени средства на општински буџет

Ми претставува чест и задоволство што денеска градоначалникот на општина Петровец Борче ме покани да бидам дел од овој посебен настан бидејќи денеска општина Петровец добива нова општинска современа зграда, која што е одговор на потребите на граѓаните од Петровец каде што ќе можат да добијат европски услуги, брзо и квалитетно.
Она кое што е важно а кое што го кажа градоначалникот е дека овој проект е со поддршка на советниците, општинската администрација, секако не помала е улогата тука на пратеникот кој што доаѓа од Петровец. Јас им честитам, општина Петровец ова го направи од сопствени средства, без ниту еден денар долг и покрај овој европски проект, успеа да реализираат Борче и администрацијата во општина Петровец, советниците кои што ги поддржуваат тие проекти многу проекти.
Самиот градоначалник кажа реконструкција на училиште, асфалтирање на патишта, водоводи, канализации, градинки итн. Навистина еден импозантен корпус на проекти, а јас сум убеден дека така ќе продолжи градоначалникот и понатаму. И ја користам оваа прилика уште еднаш да му честитам и да му посакам уште многу вакви нови објекти, уште многу проекти да реализира за доброто на граѓаните овде во општина Петровец.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Македонец во Белград запалил пицерија поради отказ и им праќал видео на газдите
-

Заврши судскиот претрес за четворица турски државјани обвинети за помагање при извршување на убиство во кафуле во Штип
-

Стивнува грипот во Куманово
-

МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластувањето
-

Приведени 10 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило
-

Лига Нации: Македонските фудбалери на стартот дома со Швајцарија, на крајот дома Словенија
-

Три пријави за физички напади врз партнерки пријавени на скопската територија
-

Кривична за 40-годишник за неовластено влегување во компјутерски систем, кривична против кочанчанец
