Македонија
5. September 2023 - 19:06

Нова детска градинка во Босилово

Започна со работа детската градинка во Босилово, прва во општинскиот центар. Градинката има капацитет за згрижување на 55 деца, и е изградена согласно најсовремените стандарди за објекти од оваа намена и овозможена е едукација на најмладите преку методот учење преку игра.

Реализација чини околу 16.5 милиони денари од кои 14 за градежниот дел и 2,5 милиони денари за опремување, средства обезбедени од Министерството за труд и социјална политика.

За градоначалникот на Босилово Ристо Манчев, отварањето детски градинки во рурални средини е многу важно бидејќи на тој начин освен едукација и социјализација се обезбедуваат еднакви услови за сите деца. 

Од општина Босилово најавуваат дека грижата за најмладите продолжува во континуитет, во таа насока бил и проектот за изградба на уште една детска градинка, овој пат во селото Иловица со чија реализација ќе се обезбеди комплетна грижа и едукација за децата од предучилишна возраст во целата општина.