Булингот сериозен предизвик за училиштата
За да се надминат проблемите поврзани со булингот во училиштата, неопходна е поголема координација помеѓу педагошките служби и воспитно образовните институции. Ова е еден од главните заклучоци на локалниот совет за превенција во Струмица кој расправаше на теми поврзави со градење добра клима на доверба и добра состојба во воспитно образовните установи во општината. Констатацијата е дека вакви проблеми постојат во повеќе училишта и веќе се работело на нивно решавање за што во писмена форма биле известени и педагошките служби. Според првиот човек на општината превенцијата е најдобриот начин за надминување на ваквите негативни појави и затоа треба да се вклучат сите релевантни чинители.
Од училиштата велат дека тие континуирано работат на превентивата, но сметаат дека се потребни дополнителни обуки на наставниот кадар преку кои многу полесно ќе ги осознаат проблемите со кои се соочуваат младите.
Од локалниот совет за превенција информираат дека за темите поврзани со булингот ќе се расправа и на следните седници на советот со цел побрзо и поефикасно решавање на проблемите од ваков тип.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар