Рама: Побезбедни сме во бавниот европски автобус отколку во руски авион
Албанскиот премиер Еди Рама реагираше откако Европската комисија го коментираше предлогот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој изјави дека 2030 година треба да се постави како краен рок додека земјите-кандидатки и Европската унија не бидат подготвени за проширување.
Портпаролката на Европската комисија, Дана Спинат, денеска на прес-конференција во Брисел рече дека „Европската комисија не е фокусирана на роковите во процесот на проширување на Европската унија“.
На ваквиот став Рама преку објава на Твитер оценува дека „иако патувањето до дестинацијата може да биде бавно, останувањето во автобус на ЕУ дури и без седиште е побезбедно од седењето во руски авион“.
-Се подразбира дека автобусот никогаш не може да стане авион… Но, верувајте ми, во актулената состојба, да останеш во автобусот на ЕУ и без седиште да е, побезбедно е отколку да седите во руски авион, бидејќи патувањето може да биде многу бавно а нашата дестинација многу далеку, но едно е сигурно како смртта: Овој автобус никогаш нема да падне“, пишува Рама.
По изјавата на Мишел, Рама и на панелот на самитот во Блед рече дека „не верувам дека ќе бидеме во ЕУ во 2030 година“ додавајќи дека „со овој панел како автобус, трагично сум пооптимист, иако е подобар од руски авион“.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија