Ковачевски на неформален состанок на ЕУ лидерите и лидерите од регионот во Атина
На 21 јуни 2003-та на самитот во Солун за западен Балкан беше усвоена фамозната Декларација во која на државите на Екс Југославија и Албанија за првпат јасно им беше ветено дека нивната иднина е во ЕУ.
Точно дваесет години подоцна , повторно во Грција , се одржува средба со лидерите на Западен Балкан, но без голем оптимизам и ентузијазам. Сосема оправдано, ако се земе предвид дека во текот на минатите две децении, само Хрватска стана членка на Унијата, а сите останати се уште се во чекалната. Србија и Црна Гора се заглавени во преговарачки процес веќе 9 односно 11 години, Македонија која некогаш беше локомотива на процесот заедно со Албанија ги отвори преговите дури во 2022 , а поради бугарските условувања се уште го нема отворено првиот кластер.
Од кабинетот на Мицотакис веат мотив за атинската е токму очување на грчката иницијатива за поврзување на Балканот - ,,Иницијативата на Премиерот потврдува дека Грција е столб на стабилноста, мирот и енергетската безбедност на Балканот и Југоисточната Европа. Последниве 4 години, Грција ја зацврсти својата геополитичка улога во регионот, рамо до рамо со Западниот Балкан, како членка на европското семејство, но и како најголема регионалн економска сила.''
Домаќинот Мицотакис вечерва ќе ги угости првите луѓе на Унијата, Вон Дер Лајен и Шарл Мишел, државниците на земјите од Западен Балкан, како и премиерите на Бугарија, Романија и Хрватска, но главна ѕвезда ќе биде украинскиот претседател Зеленски, за кој до последен момент не се знае кога ќе пристигне.
Украина поради војната со Русија, по скратен пат, без исполнување на потребните критериуми, влезе во пакетот на проширувањето, откако пред две години стана земја кандидат. Инаку, според агендата грчкиот премиер ќе има тет а тет средби со Пленковиќ , Курти, и претсадателот на Црна Гора Мијатовик, состанок со Ковачевски не е планиран. Албанскиот премиер Еди Рама не е поканет во Атина, поради спорот со Тирана околу апсењето на градоначлникот на грчкото малцинство поради наводно купувње гласови.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
