Неуспешна руска вселенска мисија - Луна-25 се урна на површината на месечината
Првата руска мисија на месечината по 47 години заврши неуспешно. Сондата Луна 25 која требаше да слета на темната страна на Месечината излезе од контрола и се урна на месечевата површина. Во соопштението на руската вселенска агенција Роскокосмос се вели дека леталото се соочило со вондреден проблем, но не се специфира за што точно се работи. Од засега нејасни прични Луна 25 влегла во непредвидена орбита, пред слетувањето планирано за понеделник, што било кобно за леталото. Агенцијата најави формирање специјална комисија која ќе го истражува неуспехот на мисијата. Ова е голем удар за рускиот вселенски програм, со кој се планираше долгорочен план за експлоатирање на ресурсите на Месечината. Сондата беше лансирана со цел да се истражи постоењето смрзната вода и драгоцени елементи во кратерите на земјиниот сателит. Тоа воедно ќе беше и прво слетување на јужниот дел од Месечина во историјата и шанса да се направат лунарни бази од кои натаму би продолжило истражувањето на сончевиот систем. Мисија за која повеќе западни експерти сметаа дека е преамбизциозна и невозможна во изолацијата во која сега се наоѓа Русија поради војната со Украина.
Руската Луна 25 беше и во трка со индиската сонда Чандрајан 3 која е лансирана на 14 јули, а според планираното, на јужниот пол на Месечината треба да слета следната недела. Во исто време активна е и програмата Артемис, со која НАСА планира спуштање на човечка посада на Месечината во 2025.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
