Стапи на сила договорот за слободна трговија меѓу Македонија и Украина
Украинската Влада го потврди договорот за слободна трговија со Македонија, усвоен во октомври 2022 година. Со ова ке се овозможи договорот меѓу Украина и Македонија, ратификуван пролетта, целосно да биде применет. Тоа ќе значи и промена на механизмот на царинење на земјоделски производи и увоз на стоки од Македонија без давачки во рамките на тарифната квота.
Десетици летови се откажани на франкфуртскиот аеродром поради поплавите предизвикани од силното невреме во Германија. Водата навлезе на пистите, но и во внатрешноста на објектот. Патниците оставени сами на себе со часови чекаа на информации за нивниот лет.
Шведската безбедносна служба ја дига тревогата на второ највисоко ниво поради опасност од тероризам. Во Шведска и во соседна Данска неодамна имаше серија протести во кои антиисламистички активисти запалија или на друг начин оштетија копии на Куранот, што предизвика бес во муслиманските земји и страв од напади дома.
Драматични снимки од автопат во Буенос Аирес, каде се запали автобус. Патниците во паника го напуштија возилото од кое почна да истекува горивото. Пожарот кој брзо се прошири, го блокираше сообракајот, но инцидентот помина без жртви и повредени. Според полицијата, причина за пожарот бил електрично-механички проблем.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
