-->
-->
Санкционирани 22 возачи под дејство на алкохол на подрачјето на СВР Битола
-->

Во текот на изминатата вечер (12/13.08.2023) во периодот од 23:00 до 05:00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 22 возачи.
За време на контролата биле санкционирани и 25 други видови прекршоци, информираат од МВР.
Од МВР информираат дека денеска во периодот од 08.00 до 14.00 на територијата на град Битола била спроведена локална акциска контрола за брзина при што санкционирани се 24 возачи кои ја надминале дозволената брзина.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и од МВР, апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
-

Десет возачи лишени од слобода за возење без дозвола, со забрана и под алкохол
-

Сообраќајот по влажни коловози, одронот кај село Колари е отстранет
-

Реал сезонава заработи најмногу пенали во петте најсилни лиги во Европа
-

Калас: Моето чувство е дека земјите-членки не се подготвени да дадат конкретен датум за членство на Украина во ЕУ
-

Епидемија на мали сипаници во северен Лондон
-

Заладување со нови пообилни врнежи
