Старец и две жени ќе бидат првите туристи во вселената

„Вирџин галактик“ ги носи првите туристи во вселената – старец, мајка и ќерка
Поранешен олимпиец со паркинсонова болест, на возраст од 80 години, ќе биде еден од тројцата патници на првиот туристички лет во вселената на Virgin Galactic, кој ќе полета утре.
Џон Гудвин, од Њукасл, ќе им се придружи на Кеиша Шахаф (46) и нејзината ќерка Анастатија Мајерс (18), која студира физика во Абердин, на VSS Unity за 90-минутното патување.
Двете жени ќе бидат првите мајка и ќерка кои ќе патуваат во вселената откако го освоија посакуваното место на лотарија, а Гудвин го обезбеди своето место пред 18 години откако купи билет од 250.000 долари. На триото ќе им се придружи и астронаутската инструкторка Бет Мозес.
По полетувањето во 16 часот од Ново Мексико, САД, VSS Unity ќе се одвои од својот мајчин брод VMS Eve и ќе ги однесе во суборбиталниот простор, каде што накратко ќе доживеат бестежинска состојба, гледајќи назад кон Земјата.
Ново на Сител
-

Koшта: Проширувањето на ЕУ служи за зајакнување на Европа, како отпорна економска сила и сила за мир
-

Измамници ја користат видео играта GTA VI за да крадат пари и податоци од гејмерите
-

Побаран притвор за охриѓанецот кој ја претепа својата девојка - се товари за три кривични дела
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата
-

Попладнево повторно приведен Корабоски – нови околности во случајот
-

Чеферин гостин на Омерагиќ, заедно ќе го следат дуелот Македонија – Словенија
-

МФ: Јавниот долг во 2027, во согласност со ревидираните податоци за БДП, нема да го надмине прагот од 60%
-

Родителите со две ќерки се најсреќни, покажува научна студија на речиси 50.000 луѓе
