Потрошувачката на вода во Струмица зголемена за 30%
Долгиот и топол период ја зголеми потрошувачката на вода во Струмица за 30%. Наместо вообичаеното просечно дневно производство од 500 метри кубни на час, во последните недели струмички Комуналец го зголемил производството на 700 кубици вода. За разлика од претходните години кога зголемената потрошувачка била карактеристична за месец август, годинава тоа започнало месец порано.
Од струмичкото комунално претпријатието велат, имало неколку пикови во кои водата се троши во поголеми количини, но најизразено е во попладневните часови. Како една од причините за зголемената потрошувачка го наведуваат и нерационалното користење на водата пред се за полевање на дворовите и зелените површини, која пак е причина за зголемен притисок во мрежата и појава на чести дефекти.
Трендот на зголемена потрошувачка на вода се очекува да продолжи и во наредниот период, но и покрај тоа од претпријатието велат дека рестрикции нема да има бидејќи се подготвени и ќе произведат доволни количини за потребите на сите граѓани. Во меѓувреме апелираат на рационално и совесно користење на преработената вода.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар