Македонија
26. July 2023 - 12:27

Коњаниците од селото Радово од општина Босилово го започнаа нивниот Илинденски марш

Коњаниците од селото Радово од општина Босилово го започнаа нивниот Илинденски марш. Тие втора година по ред се дел од традиционалниот коњички марш кој се организира во чест на големиот национален празник.

Во славното Крушево ќе стасаат за Илинден кога ќе се приклучат на коњаниците од другите делови на државата.

Годинава нивниот број е поголем во однос на лани и кон Крушево патуваат осуммина јавачи.

Утрово пред заминување тие присуствуваа и на службата што се одржа во Црквата Свети Пророк Илија во селото Радово, а пред тргнување добија и благослов од нивниот свештеник.