Законот за матичната евиденција на утрешната седница на Уставен суд
Уставниот суд утре на седница ќе расправа по предметот во кој е оспорен Законот за матичната евиденција, по иницијатива на политичката партија „Левица”.
- Чувството на национална припадност е лично чувство на граѓанинот и не може да се докажува со јавна исправа, т.е. со документ издаден од државен орган, пред се поради фактот што слободата на изразување на националната припадност го вклучува и правото на промена на чувството за национална припадност, а со практичното воведување на графа за националноста во изводот од матичните книги – како јавни регистри, се окончува еднаш изразеното национално чувство, се наведува во иницијавата на „Левица“.
Од Уставниот суд информираат дека се оспорени член 4 став 1 точка 2 во делот „националност”, член 11 став 1 точка 1 во делот „националностa” и член 13 став 1 точка 1 во делот „националноста”, сите од Законот за матичната евиденција („Службен весник на Република Македонија” број број 8/1995, 38/2002, 66/2007, 98/2008, 67/2009, 13/2013, 43/2014, 148/2015, 27/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 14/2020 и 129/2023).
Член 4, став 1, точка 2 од Законот предвидува во матичната книга на родените да се запишуваат податоци за родителите на детето, и тоа: име и презиме (за мајката и моминското презиме); ден, месец, година и место на раѓањето; националност; државјанство; матичен број; живеалиште и адреса на станот.
Членот 11, став 1, точка 1 предвидува дека во матичната книга на венчаните се запишуваат податоци за склучување на бракот, и тоа: име и презиме на брачните другари; ден, месец, година и место на раѓањето; матичниот број; државјанството, националноста, живеалиштето и адресата на станот на брачните другари; ден, месец, година и место на склучување на бракот и изјави на брачните другари за нивното презиме;
Член 13, став 1, точка 1 од Законот предвидува во матичната книга на умрените да се запишуваат податоци за смртта, и тоа: име и презиме на умрениот; неговото презиме пред склучувањето на бракот; полот; час, ден, месец, година и место на смртта; ден, месец, година и место на раѓањето, брачната состојба пред смртта; државјанството, националноста, живеалиштето и адресата на станот.
Ново на Сител
-
Минималната плата во Албанија ќе се зголеми на 515 евра до 2026 година, најави албанската министерка за економија
-
Герасимовски: Градиме дом за стари лица, историска инвестиција за пензионерите
-
Анкета: Две третини од Унгарците не сакаат прекин на енергетската трговија со Русија
-
Грејната сезона во Скопје започнува од 2 октомври поради ниските температури
-
До петок студено со дожд, а на планините снег
-
Царинска управа: Континуиран раст приходите, во септември наплатени над 179 милиони евра
-
Турција со законски мерки ќе го поттикнува наталитетот
-
Турска одбранбена компанија развива системи за заштита од дронови во урбани средини