Loading Video...
Свет
8. July 2023 - 16:24

САД ќе и испратат на Украина нова воена помош, вклучително и контроверзните касетни бомби

Пентагон на Украина ќе и испорача нов пакет воена помош вреден 800 милиони долари. Во овој пакет ќе биде и контраверзната кластер муниција, која е забранета во над 100 тина земји.

За разлика од Бајден, американските воени експерти сметаат дека  кластер оружјето ништо нема да промени на воениот терен во Украина. Нивните проценки се дека украинската контраофанзива не ги дава очекуваните резултати и затоа се носат вакви одлуки.

Националниот тим за безбедност на Белата Кука тврди дека Русија од почетокот на војната во Украуина користи кластер муниција.